Превентивна акција „Стави појас“ реализирана во Велес

Објавено на 28 мај, 2025 во 16:06

Полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај спроведоа превентивна акција под мотото „Стави појас“ на неколку локации во градот Велес. Акцијата беше насочена кон подигање на јавната свест за задолжителното користење на сигурносниот појас, како и за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Преку непосредна комуникација со возачите и патниците, полициските службеници потенцираа дека користењето на сигурносен појас е законска обврска и важен елемент за личната безбедност на сите учесници во сообраќајот. Освен возачите, на оваа обврска се потсетени и сопатниците, со цел да се зголеми безбедноста во патниот сообраќај.

Во рамки на активноста беа поделени и едукативни печатени материјали, изработени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со цел дополнително информирање и едуцирање на граѓаните.

Целта на ваквите акции е да се влијае врз зголемување на сообраќајната култура, како и да се подигне нивото на безбедност на сите учесници во сообраќајот, особено во контекст на зачестените инциденти поврзани со некористење на сигурносни појаси.

СВР Велес најавува дека вакви превентивни активности ќе продолжат да се спроведуваат и во наредниот период, со цел постојано унапредување на безбедносната култура на патиштата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.