Превентивна активност на СВР Велес за безбедни матурски прослави
Објавено на 15 мај, 2024 во 09:47
Матурантите од средното струшно училипте „Киро Спанџов Брко“ од Кавадарци, вчера, беа дел од едукативно превентивна работилница за безбедни матурски прослави. Од Министерство за внатрешни работи велат дека на работилницата полициските службеници ги запознаме матурантите со одговорностите и мерките, како и последиците од непочитувањето на законските правила и прописи.
-Посебно внимание беше посветено на консумирањето алкохол и управувањето со моторни возила за време на матурската прослава, и опасностите и штетите што од тоа можат да произлезат, додаваат од МВР.
Работилницата била организирана во рамки на кампањата за „Безбедни матурски прослави“.
Стефани Манева