Пријавени две тепачки во ОВР Неготино
Објавено на 20 јули, 2022 во 14:38
Четириесет и четири годишниот А.М од село Бистрица во текот на вчерашниот ден бил чишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Неготино. Тој по вербална расправија физички ги нападнал неговиот татко и неговата невенчана сопруга.
Од СВР Велес информираат дека лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Исто така, во Полициска станица Неготино, денеска, дваесет и шест годишниот Г.Т од Демир Капија пријавил дека во казино во Демир Капија бил физички нападнат од Н.Г. Се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева