Прим. д-р Поп Лазаровска: Мајчиното млеко е незаменливо, тоа е храна и лек (видео и фото)
Трудници и мајки на веќе родени бебиња, лекари, специјалисти гинеколози, медицински сестри од Одделение за гинекологија и акушерство како и од Патронажна служба на Здравствен дом Велес присуствуваа на едукацијата посветена на доење на новороденчиња што вчера доцна попладне се одржа во Медиотека на Градска библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. Едукацијата ја организирапе ЈЗУ Општа болница Велес.
Важноста на процесот на доење, како за бебињата така и за мајките, како и поддршката што треба да ја добијат прво од семејствата и потоа од заедницата на која и се потребни здрави потомства ја потенцираа д-р Силвија Богоевска -специјалист гиниколог и началничка заедно со сестра Вида Тончова од Одделението за гинекологија и акушерство на велешка болница.
На едукативниот настан за придобивките од доење, подготовките за овој важен процес на мајките со совети за надминување на предизвиците зборуваше Прим.д-р Марина Поп Лазаровска – специјалист неонатолог.
Началничката д-р Силвија Богоевска на Одделение за гинекологија и акушерство, вчера вечер, најави дека во првите месеци на 2025 година ќе се отвори „Соба за едукација на трудници“.
Убавка Јаневска