Притвор за две обвинети лица за откриена количина на хероин

Објавено на 11 мај, 2021 во 15:38
Влез во зграда на Основен суд Велес и на Основно Јавно обвинителство Велес

Триесет дневен притвор заработија  две лица од Битола кои пренесувале хероин и мешавина од парацетамол и кофеин во возило марка „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки кај наплатна станица „Сопот“ .

Осомнитечените се на возраст од 34 и од 36 години. Кај нив е откриена количината на дрога и според Основното јавно обвинителство Велес  станува збор за 20,01 грама хероин и 22,45 грама мешавина од парацетамол и кофеин, кои се користеле како додаток за зголемување на масата на наркотичната дрога.

Обвинетите имале  претходен договор за набавка и хероинот го сокриле во просторот за воздушно перниче на совозачката страна во автомобилот, со кој патувале на автопат Скопје-Велес.

Полициски службеници, на наплатната станица „Сопот“ го запреле возилото и детално го прегледале и ја пронашле запленетата количина на дрога.

Основното јавно обвинителнство Велес поведе истражна постапка против двајцата битолчани за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.  Обвинетите се во притвор што на предлог на обвинителството им го одреди судијата во претходна постапка поради можност да се дадат во бегство.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.