Приведен битолчанец за нарушен јавен ред и мир на Автобуска станица Велес

Објавено на 28 февруари, 2025 во 14:42

На Автобуска станица Велес, вчера вечер, во 21:00 часот полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес го привеле Р.Т.(42) од село Долно Оризари, битолско, затоа што претходно во меѓуградски автобус, кој сообраќал на релација Скопје – Велес, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување.

„По цеосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.