Приведен дилер и разбојници со пленот во Кавадарци

Објавено на 14 август, 2023 во 12:00

Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.К.(38) од Кавадарци. При вчерашен претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземени марихуана, амфетамин, хероин, дигитална вага и метална дробилка. Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

Исто така, вчера, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.М.(25) од Струмица и Џ.Д.(33) од Кавадарци. Тие се сомничат дека истиот ден од домот на Ј.И.(72) од Кавадарци одзеле паричник со пари и личен предмет.

Лицата биле задржани во полициската станица во Кавадарци, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.