Приведен крадец од Велес, по распишана централна потерница
Објавено на 7 декември, 2022 во 15:23
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска, околу 12:00 часот на улица „Димко Најдов“ во Велес го лишеле од слобода триесет годишниот велешанец Џ.Н.
Како што соопшти Министерство за внатрешни работи тој бил осуден на казна затвор од една година и два месеца за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик за „тешка кражба“. Исто така, за него била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Велес за доиздржување казна од речиси 12 месеци.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната.
Дума.мк