Приведен маж од село Бузалково, нелегално товарал исечени огревни дрва
Објавено на 2 ноември, 2023 во 14:17
Шеесет и седум годишниот А.А од село Бузалково, вчера, во 15:00 часот бил пиведен од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес и Полициско одделение Чашка. Тој бил затекнат како во атар на село Бузалково, велешко, во корпа прикачена на трактор „имт“ без регистарски ознаки товари исечени огревни дрва без документација.
-Дрвата, тракторот, корпата и една моторна пила биле одземени и предадени на Шумска полиција Велес за понатамошна постапка, пишува во дневниот билтен на МВР.
Оттаму информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк