Приведен татко во Велес по пријава од поранешна сопруга за здобиена повреда на нивното дете
Објавено: 8 јуни, 2026, во 13:50 часот
Велешанецот С.Ј бил вчера ноќ приведен во Полициска станица Велес откако неговата поранешна сопруга го пријавила поради тоа што забележала повреда на нивното малолетно дете
„На 07.06.2026 во 23:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ј.(43) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна поранешна сопруга дека забележала повреда кај нивното дете, по поминат викенд со него.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Дијана Иванова


