Приведен велешанец кој со мотоцикл удрил пешак и побегнал

Објавено: 8 јули, 2025, во 12:09 часот

Полициски службеници од СВР Велес, вчера, на 7 јули, го привеле 21-годишниот В.Н. од село Раштани, кој е осомничен дека со мотоцикл удрил во пешак на улицата „8 Септември“ во Велес и побегнал од местото на незгодата.

Според информациите на Сектор за внатрешни работи Велес, сообраќајната незгода се случила на 26 јуни годинава, околу 19:40 часот, кога В.Н., управувајќи мотоцикл, удрил во 79-годишниот пешак П.З. од Велес. Во незгодата, пешакот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Велес, каде му била укажана медицинска помош.

По преземени оперативни мерки, осомничениот бил идентификуван и пронајден, по што бил приведен во полициска станица. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против В.Н. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.