Приведен велешанец којшто со жена нападнале маж и му одзеле пари

Објавено на 30 август, 2022 во 10:36

Триесет и девет годишниот Е.К заедно со уште едно женско лице, вчера, 29 август, физички го нападнале триесет и три годишниот Д.М од Велес и му одзеле пари. Велешанецот Е.К од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес бил лишен од слобода денеска, 30 август.

Од СВР Велес информираат дека лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.