Приведени четворица мажи во Велес, се обиделе да прекријат марихуана

Сектор за внатрешни работи Велес во дневниот билтен информира дека вчера, на полноќ, на улица „8-ми Септември“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и Полициската станица од општа надлежност при СВР Велес лишеле од слобода четворица мажи откако кај нив била пронајдена марихуана.
– А.Ј.(33) од село Војшанци, неготинско, С.Р.(26) од село Корешница, демиркаписко, М.Ч.(25) од Неготино и М.А.(33) од село Корешница. При контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски таблички, управувано од М.Ч., а сопатници биле останатите лица, полициски службеници го забележале А.Ј. при обид во возилото да сокрие пакување со марухуана, која била пронајдена и одземена, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк
