Приведени двајца кавадарчани кои возеле пијани

Објавено: 7 јули, 2025, во 10:50 часот

Двајца жители на Кавадарци се лишени од слобода откако биле фатени како управуваат возила под дејство на алкохол, информира Секторот за внатрешни работи Велес.

Првиот случај се случил на ноќеска, на 7 јули во 01.10 часот, на улицата „Западен булевар“ во Кавадарци. Полициски службеници од ОВР Кавадарци го сопреле патничкото возило „Опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М. (34) од Кавадарци. По извршената контрола, утврдено е дека возачот управувал под дејство на алкохол, со измерени 1,95 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Вториот случај бил регистриран вечерта претходниот ден, на 6 јули 2025 година, околу 21.40 часот, на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино. Полициски службеници од ОВР Неготино сопреле патничко возило „Пежо“, исто така со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.М. (65) од Кавадарци. При проверката било утврдено дека и овој возач управувал под дејство на алкохол, со измерени 1,81 промили. И тој бил приведен и задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По документирање на настанот, ќе следува кривична пријава по истиот член од Кривичниот законик.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.