Приведени двајца велешани и еден србин, пронајдена дрога
Објавено на 29 август, 2022 во 12:56

Во автомобил којшто бил управуван од четириесет годишниот велешанец Т.Т при извршена контрола бил пронајден и одземен кокаин. Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, два часа и петнаесет минути по полноќ, го лишеле Т.Т но и три години помладиот Д.П од Велес и четириесет и едно годишниот Г.Ж од Република Србија.
-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Оттаму информираат дека лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева
