Приведени двајца Велешани,првиот за марихуана и вториот за агресивно однесување кон полицијата
Двајца млади Велешани, се приведени, во Полициска станица во текот на вчерашниот ден. Првиот затоа што кај него била пронајдена дрога и вториот за агресивно однесување кон полициски службеници.
На место викано „Бабуна“ кај Велес, полициски службеници на Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес вчера во 9:40 часот го лишиле од слобода С.Ј.(28) од Велес, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Велешанецот е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Ѓаковска информира дека четири часа подоцна, полициски службеници на Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода и П.П.(28) од Велес, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Полицијата и овој Велешанецот го привела во Полициска станица Велес и во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска