Приведени двајца возачи во Велес кои возеле автомобили иако имале забрана, времено одземени им се возилата

Објавено: 10 февруари, 2026, во 13:06 часот

Првиот возач Н.А (28) од Скопје кој управувал „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки бил сопрен вчера попладне, во 17:30 часот, на крстосница кај Башино село, во контрола во сообраќајот.

-Возачот А.Н., го управувал возилото со впишана забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролката Ана Милевска Георгиева.

Таа додаде дека осум часа подоцна поточно ноќеска, во 00:20 часот, на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, лишен од слобода бил И.А.(42) од Велес.

„При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.А., при што било констатирано дека го управувал со активна мерка – забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено“.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.