Приведени две лица во Кавадарци, украдените предмети вратени на сопственикот

Објавено на 16 декември, 2022 во 12:50

Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека вчера, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци ги лишеле од слобода триесет и седум годишниот М.К и три години помладиот З.Ј двајцата од Кавадарци.

Се сомничи дека М.К ноќта помеѓу 13 и 14 декември, годинава, извршил тешка кражба во продажен објект во Кавадарци при што одзел повеќе предмети кои потоа ги продал на З.Ј. Исто така, вчера, на 15 декември, М.К се обидел да изврши кражба и во ветеринарна амбуланта.

Од МВР информираат дека лицата биле задржани во полициска станица, дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случаите ќе следи соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.