Приведени тројца дилери на дрога во Кавадарци

Објавено на 12 октомври, 2022 во 10:52

При претрес во домот на четириесет годишниот П.М од Кавадарци извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања прашкаста материја, неколку пакувања кафеава прашкаста материја, две дигитални ваги, пари во различни валути и апоени и други предмети со остатоци од кафеавата прашкаста материја.

Полициски службеници од Одделение за недозволена трговија со дрога при Полициска станица Кавадарци, вчера, во 15:30 часот го лишеле од слобода кавадарчанецот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци.

Инаку, претходно, во 13:30 часот на улица „Киро Спанџов“ четириесет годишниот И.П од Кавадарци бил затекнат во неговото паркирано возило заедно со четири години помладиот А.М. При преглед кај нив и во возилото, кај И.П била пронајдена и одземена марихуана.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дела лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.