Приведени тројца кавадарчани, нарушиле јавен ред и мир и нападнале полициски службеници
Објавено на 22 септември, 2024 во 14:36
Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера вечер, околу 23:25 часот, ги лишиле од слобода Л.Д.(53), А.Д.(25) и М.Д.(21), сите од Кавадарци.
-По претходна пријава за нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.Д. и А.Д., при преземање на службени дејствија од страна на полициски службеници, двајца од пријавените поточно Л.Д., А.Д. и М.Д. ги нападнале полициските службеници. Лицата биле приведени во полициска станица, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Според Сектор за внатрешни работи Велес по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.