Проект „Млади за зелени општини“ ќе спроведува Фондација Импакт нет во Велес (видео и фото)
Објавено: 16 април, 2026, во 15:17 часот
Желбата да се надмине стагнирањето или да се убрза обврската на Македонија за трансформација кон зелените општества е поттикот на Фондација Импакт нет тоа да се обиде да го стори со младите или генерацијата XYZ од Велес. Тоа се трансформерите или младите од нашиот град за зелени општини, рече Стевче Дечев, претседател на Фондација Импакт нет со што ќе дадат свој учинок во имплементирањето на Зелениот договор на Европска Унија.
Дечев додаде дека во проектот ќе учествуваат 45 ученици од четирите средни училишта во Велес, нивни професори кои ќе бидат ментори, едукатори и тимот на фондацијата. Учениците ќе снимат 12 поткасти на зелени теми а потоа и ќе ги интервјуираат своите баби, дедовци, мајки и татковци на теме „Храна не се фрла“ со цел да го земат искуството и да напишат книга со рецепти од предците за да се пренесува традицијата на колено на колено. Исто така, ќе се креира и мобилна апликација на која ќе бидат мапирани површините во градот кои што потребно е да се зазеленат но со родни и автохтони дрвја. Акцијата за пошумување на Велес ќе се реализира на есен.





Проектот „Млади за зелени општини“ е поддржан од Европска Унија преку „Зелена младина, зелен раст“. Тој беше промовиран вчера вечер преку забава во кафетерија на која учествуваа учениците кои ќе бидат учесници или ќе го спроведуваат.
Убавка Јаневска



