Промовирана 11 книга со афоризми „На кркуш“ на Атанас Крлевски во Велес (видео и фото)

Објавено на 31 октомври, 2025 во 16:17

Единаесеттата книга со афоризми „На кркуш“ на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски е наменета за читатели кои барем еднаш во животот се запрашале дали секоја борба за вистината е залудна, ако општествената стварност се темели цврсто врз лагите, измамите, лицемерието, глупавоста? Оваа е всушност книга за бунтовниците, оние кои можат да видат, не само да гледаат, оние кои ја согледуваат и догледуваат вистината и свртуваат поглед од лагата. Самиот афористичар остава простор за факултативен избор на побуна, дали преку молкот или преку зборот, кој што кај Крлевски ковач е на посебното и општото,  на деталите и сеопфатноста, на себството и другоста преку метафори, алузии, аналогии.

За еминентниот македонски афористичар и сатиричар Атанас Крлевски, чија единаесетта книга со афоризми „На кркуш“ беше промовирана, вчера вечер, во Градска библиотека „Гоце Делчев“ промоторката, проф. Марија Брндевска вели:

Крлевски, познат по скромноста и себе претставувањето:  „Бев чудо од дете, сега сум чудо од човек“ за книгата „На кркуш“ во која се публикувани нови 1.200 афоризми вели:

Промоцијата на книгата „На кркуш“ беше ретка можност за љубителите на овој уметнички жанр да присуствуваат на настан што дава можност во сосема релаксирана атмосвера да се мине дел од едно доцна попладне. Читањето на афоризмите посветени на жената и на општествените случувања коишто перото на овој афористичар вешто умее да ги напише придонесоа присутните Велешани, неговите гости од повеќе градови во Македонија како и колегата, афористичар и сатиричар Марко Пајиќ од Србија да почувствуваат и јавно споделат впечатоци со констатација дека недостасуваат моменти во кои искрено човек би се насмеал и пошегувал, на своја и сметка на бројни случки од животот, што се живее не секогаш според вистинските вредности.  

Промоцијата на книгата „На кркуш“ на Атанас Крлевски се одржа во рамки на вториот „Фестивал на сатира Џинот“ којшто се одржува, вчера и денеска, во Велес. Фестивалот е посветен на големиот просветител, книжевник и сатиричар Јордан Хаџи Константинов – Џинот, зачетник на македонското просветителство и духовен симбол на градот во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, Градската библиотека „Гоце Делчев“ и со поддршка на Општина Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.