Пронајден починат маж во неговиот дом во Велес

Објавено: 31 јули, 2025, во 14:25 часот

Шеесет и шест годишниот Т.Б од Велес вчера бил пронајден починат во неговиот дом. Лекар од Итна медицијнска помош констатирал смрт без траги на насилство.

Од Итна медицинска помош случајот го пријавиле во Сектор за внатрешни работи Велес во 19:20 часот, оттаму бил извршен и увид од увидна екипа.

Од СВР Велес додадоа дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот велешанец било дадено на обдукција.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.