Пронајден починат велешанец пред својот дом
Објавено на 20 мај, 2024 во 13:50
Седумдесет и шест годишниот Ѓ.Т од Велес, вчера, пред својот дом бил пронајден починат. Лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт и повреда на главата.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека случајот бил пријавен во Полициска станица Велес во 16:00 часот.
Увид бил извршен а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Дума.мк