Пронајдена исчезната малолетничка од Србија во Велес, сакала се омажи со малолетен велешанец

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Велес, постапувајќи по меѓународно барање на Интерпол – Србија, на 7 јули, вечерта околу 22 часот ја пронашле 15- годишната малолетничка од Република Србија, која била пријавена како исчезната во нејзината матична држава.
Малолетничката била лоцирана во домот на 30-годишната Р.Д. од Велес. Според првичните информации, девојчето изјавило дека доброволно пристигнало во Велес со намера да стапи во брак со малолетно лице од овој град.
Во текот на интервенцијата, полициските службеници ја спровеле постапката во присуство на социјален работник од Центарот за социјални работи Велес. По разговорот со малолетничката, за случајот бил веднаш известен надлежен јавен обвинител.
Малолетничката е згрижена од страна на Центарот за социјални работи Велес, од каде што ќе се преземат понатамошни мерки за нејзино враќање кај родителите во Србија.
Дума.мк


