Пронајдена марихуана кај двајца велешани од кои еден малолетен
Објавено на 10 мај, 2024 во 12:43
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 12:10 часот во Градски парк во Велес го лишеле од слобода осумнаесет годишниот Ф.Ц и уште еден малолетник.
Како што соопштуваат од Министерство за внатрешни работи кај двајцата велешани била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк