Пронајдена марихуана кај малолетник од Неготино, поднесена кривична пријава

Објавено: 5 август, 2025, во 13:38 часот

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против 17-годишно лице од Неготино поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Како што информираше МВР при полициска контрола на влезот во Неготино, бил извршен преглед на мопед управуван од малолетникот. При прегледот, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.