Пронајдена мртва жена во стан во Каварарци на чие тело имало повреди
Објавено на 23 јануари, 2025 во 12:21
Починатата С.С.С. на 52 годишна возраст, вчера вечер, во 23:40 часот ја пронашла нејзината ќерка Д.Т од Кавадарци. Таа пријавила во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, Д.Т. дека мајка си ја пронашла во станот во кој живее во Кавадарци со повреди по телото.
Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Кавадарци и јавен обвинител на ОЈО Кавадарци, по чија наредба телото било дадено на обдукција.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Стефани Манева