Пронајдена нова експлозивна направа на локација во Велес, безбедно била отстранета од пиротехничар на ДЗС
Објавено: 27 март, 2026, во 13:40 часот
Вработен во Јавно комунално претпријатие „Дервен“ од Велес, вчера, околу 12:00 часот при извршување на работни задачи на ул.„Милан Војницалија“ во Велес пронашол експлозивна направа.
Локацијата на која се наоѓа улицата е во населбата Трпезица.
Според информации на Сектор за внатрешни работи Велес, кој постапил по пријавата на велешкото комунално претпријатие, на лице место извршен бил увид од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување.
Потоа следело подигнување на експлозивната направа и истата била дислоцирана за понатамошна постапка.

Убавка Јаневска



