Пронајдена почината 84 годишна старица во нејзиниот дом во Велес
Објавено: 12 јуни, 2026, во 12:48 часот
„На 11.06.2026 во 10:00 часот во СВР Велес било пријавено дека во домот во Велес била пронајдена почината П.С.(84) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Дијана Иванова


