Пронајдени куршуми за пиштол во автомобил на велешани
Објавено на 4 јули, 2022 во 10:13

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, во саботата, 2 јули, на улица „Гоце Делчев“ четириесет и пет минути пред полноќ, ги лишеле од слобода дваесет и осум годишниот Н.Л и три години помладиот Ј.Б од Велес.
– При преглед во возило „фиат панда“ со велешки регистерски ознаки, во кое се превезувале биле пронајдени четири куршуми за пиштол со калибар 7.65мм, пишува во соопштението на СВР Велес.
Оттаму информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
