Протест на судската и администрацијата во правобранителството пред Основен суд Велес, соопштени барања (фото и видео)

Објавено на 7 април, 2022 во 12:35

Четириесет вработените во Основен суд Велес и 10 вработени во државно јавно правобранителство на РСМ, коишто се членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РСМ (УПОЗ) се приклучија кон своите колеги од целата држава и со двочасовен протест го искажаа незадоволството од непочитување на Законот за минимална плата во управата и правосудството. Во изјава за Дума.мк, Игор Чолаков, претседател на Синдикална организација на Основен суд и Билјана Николова претседателка на Синдикална организација при државно јавно правобраителство на РСМ, рекоа:

Инаку генерално вработените во јавната и државна администрација којашто членува во Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РСМ (УПОЗ) излегоа со соопштение за јавност во коешто се вели:

„Ние, вработените во управата и правосудството низ годините наназад немаме добиено никакво зголемување на нашите плати, сведоци сме дека од Владата за одредени сектори во последните две години драстично ги зголеми платите. Платата за месец март се исплаќа по старо, но кој ќе ја сноси одговорноста за непочитување на Законот за минимална плата? Дали ние, вработените во управата и правосудството ќе останеме единствени во државата кои ќе примаат плата под минимална плата?“, се вели во соопштението на синдикалната организација на Основен суд Велес.

Поради овие причини вработените бараат исплатата на минималната плата да започне веднаш за сите вработени кои и во овој момент добиваат минимална плата под законски дозволениот лимит и линеарно зголемување на сите останати плати во износ од 2.806 денари.

Исто така, денеска два часа, предупредувачки протест се случи и пред зградата на Општина Велес и на подрачните единици на министерствата во Велес, каде протестираа вработените коишто се членови на синдикатот на УПОЗ.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.