Првите пациенти се снимени на Декса скен, велешка Општа болница отвора термини на „Мој Термин“ (видео)
Објавено: 1 мај, 2026, во 15:28 часот
Првите пациенти се веќе снимени на дензитометарот во велешка Општа болница. Тоа се граѓани кои биле лежечки пациенти или имале здравствени проблеми и биле на специјалистички преглед кај ортопеди, интернисти и физијатри во болницата. Овие лекари ги препратиле на снимање на ДЕКСА скен.
Дума.мк го прашаше директорот на болницата, Александар Бузалков како до снимање можат да стигнат останати граѓани кои покажаа интерес од Велес така и од соседните или општини кои се надвор од Вардарски регион а по објавената и споделена информација од медиумот на социјалните мрежи, во коментари, бараа дополнителни информации ?
Според Бузалков, Општа болница Велес отвора термини и на „Мој Термин“ за ДЕКСА снимање. Апаратот дневно може да сними по 15 пациенти.
Дензитометарот ја мери коскена густината во човечкото тело. Вредностите кои што ги мери се значајни за превенција,односно за рано откривање на Остеопороза или состојба на намалена коскена маса и деградација на коскеното ткиво, кои што доведуваат до зголемена кршливост на коските и последователно зголемен ризик од фрактури или скршеници.

Убавка Јаневска



