Прво авионско третирање против комарци утре во Велес, општината апелира до пчеларите да преземат мерки за заштита

Објавено на 11 јуни, 2025 во 13:00

Општина Велес ја информира јавноста дека првото авионско третирање против комарци за 2025 година ќе се изврши утре, на 12 јуни, четврток, во раните утрински часови. Третирањето ќе опфати голем дел од градското и приградското подрачје на Велес, како и целото течение на реката Вардар во овој регион. Границите на покриеност опфаќаат: Езеро Младост, село Отовица, месноста Јарбош, по течението на реката Вардар – од северно од село Башино Село, низ Велес, па сè до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. Западната граница започнува од населбата Превалец, преку Керамидна, до фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.

Особено внимание ќе се посвети на рекреативниот центар Езеро Младост и неговата непосредна околина, кои и оваа година ќе бидат опфатени со третманот.

Општина Велес апелира до сите граѓани, особено до пчеларите, навремено да преземат соодветни мерки за заштита, имајќи предвид дека прскањето може да биде штетно за пчелите.

Третманот ќе се спроведе доколку временските услови се поволни. Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, истото ќе се изврши првиот нареден ден кога условите ќе бидат соодветни.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.