Пукна водоводна цевка и ја поплави главната сообраќајница во Велес (ВИДЕО)

Објавено на 5 јуни, 2021 во 15:15
Поплавен коловоз на улица „Благој Ѓорев“

Дефект на крак од споредна водоводна линија е причина, денеска, за излевање на голема количина на вода по улицата „Благој Ѓорев“. Дотекот го предизвика пукање на водоводна цевка, фи 250, од салонит што е дел од спореден крак над „Давинчи“. Водоводната линија е на потегот од локацијата Авона или кружен тек во Нова населба до поранешно „Панини“, раскрсница над дворот на Гимназија „Кочо Рацин“. Водата го наполни коловозот на улицата иако станува збор за дел од главната сообраќајница што е удолница.

Дефектот е пријавен во ЈКП „Дервен“ и екипите се веќе на терен.

-Станува збор за дефект предизвикан од пукање на цефка на споредна водоводна линија. Водоводната линија се наоѓа помеѓу тротоарот на сообраќајницата и делот од ѕидот на платоата пред редот згради. Интервенцијата за отстранување на дефектот е започната. Проблем создава едно дрво но ќе се обидеме да интервенираме во најкраток можен рок за да го отстраниме дефектот. Машината липкер започна со ископ на земјата. За кратко време прецизно ќе го лоцираме местото и потоа пристапуваме кон отстранување на дефектот, рече Тони Јовиќ директор на ЈКП „Дервен“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.