Работилница на тема „Мојата приказна“ одржана во Младински центар Велес
Со кои предизвици се соочуваат лицата со попреченост при извршување на секојдневните активности беше разговарано на денешната работилница на тема „Мојата приказна“ во просториите на Младински центар Велес. Сите учесници меѓусебно во опуштена амосфера разговараа за потребите на овие лица како и грижата на заедницата на истите и активната вклученост.
Оваа работилница се организира во рамки на одбележување на Европската недела на мобилност 2022 и е петти настан по ред. Во четврток, Европската недела на мобилност ќе биде заокружена со завршен настан „Ден без автомобили“ којшто ќе започне во 09:00 часот пред основното општинско училиште „Васил Главинов“ .
Инаку, Општина Велес има обезбедено достојни донации од општествено одговорни компании коишто донираа велосипеди за деца, трицикли, топки за разни спортови, спортски реквизити, освежителни пијалоци и житарки како и хигиенски средства за сите клонови на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ како и сите основни и средни општински училишта во градот.
Сите активности при одбележување на Европската недела се помогнати од Делегација на Европска унија и Европска куќа Скопје, ЗГ „Велес бајкинг“, ИО „Димитар Влахов“, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“, МВР-СВР Велес, Отворен регионален фонд за енергетика, транпосрт, климатска заштита, Германско друштво за меѓународна соработка како и волонтерите на Младински центар Велес.
Стефани Манева