Расчистени повеќе кражби во Кавадарци
Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден расчистиле повеќе кражби.
Триесет и пет годишниот П.Б и една година повозрасниот Г.Д од Кавадарци, вчера, биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци бидејќи се сомничи дека ден претходно, 19 јули, извршиле кривично дело „кражба“ од патничко возило во Кавадарци. Предметите коишто ги украле биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Истиот ден, во полициска станица бил приведен и триесет и две годишниот кавадарчанец Р.Р. При претрес во неговиот дом, којшто бил извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети коишто потекнувале од кривични дела „кражби“ и „тешки кражби“ извршени на подрачјето на ОВР Кавадарци и ОВР Неготино.
Од Министерство за внатрешни работи соопштуваат дека по целосно документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Стефани Манева