РЦУК: Вчера изгаснати вкупно 25 пожари во државата, од нив по два во општините Велес и во Лозово
Објавено на 10 август, 2023 во 11:00
На територијата на Македонија вчера, среда, 9 август се запалиле вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив по два гореле на подрачјето на општините Велес и Лозово.
Во велешко, во првиот гореле дрвја, багреми, покрај автопат Велес – Скопје и во вториот, непосредно до патарина „Отовица“ сува трева и грмушки.
На територијата на општина Лозово два пожари се запалиле во близина на село Сарамзалино. Во првиот гореле бали со слама, стрниште и багремова шума додека во вториот горела сува трева.
Од Републичкиот Центар за управување со кризи информираат дека сите 25 пожари се изгаснати и апелираат до граѓаните: „Внимавјте да не предизвикате пожар!“
Убавка Јаневска