(Видео) Регионалниот центар за згрижување на бездомни кучиња во Вардарски плански регион е готов, „Шепа“ ќе профункционира по изборите
Завршени се градежните работи и опремен е просторот во којшто ќе бидат згрижувани бездомните кучиња со издавање на ветеринарни услуги од деветте општини на Вардарски плански регион. Регионалниот центар ќе функционира во Кавадарци. Тој се наоѓа на локација со површина од на површина од 5470 м2 во кавадаречката населба Глишиќ.
Ова е значаен објект за деветте општини Свети Николе, Лозово, Велес, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци и Демир Капија кои со децении се соочуваат со сериозен проблем како што е големиот број на бездомни кучиња на улиците како во градовите така и во населените места.
Регионалниот центар за згрижување на миленици и ветеринарно здравство чини близу 15 милиони денари или над 242 илјади евра од кои нешто повеќе од 83 илјади евра се грант од Швајцарска амбасада додека 159 илјади евра ги обезбедени Министерство за локална самоуправа.
Претседателот на Вардарски плански регион и воедно Градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски вели дека деветте општини ќе издвојат и дополнителни финансиски средства за работа на овој центар како и дека очекувањата се големи.
Освен изградбата на објектот, исто така, за потребите на центарот „Шепа“ набавена е опрема за стационарот и возило, во изработка се веб сајт на којшто граѓаните ќе можат да пријавуваат бездомни животни и локации како и Систем за следење и регистрација на бездомни животни и потребна медицинска опрема за третман.
Убавка Јаневска