Реконструкција на училиштето и уредување на влезот во Башино Село

Објавено: 22 јули, 2025, во 11:39 часот

Во тек е целосна реконструкција на подрачното основно училиште во Башино Село, кое функционира како дел од ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес. Училиштето, каде настава посетуваат ученици од прво до петто одделение, ќе добивјат нов, современ изглед преку инвестиција вредна над 3,5 милиони денари.

Оваа реконструкција доаѓа паралелно со уредувањето на влезот во Башино Село, на потегот од фирмата „ЕНМОН“ до чешмата во центарот на селото за што се предвидени 16,7 милиони денари, пари од Унгарски кредит којшто ги додели Владата.

За двата инфраструктурни зафати предвидени се над 20 милиони денари во исклучително краток период.

Градоначалникот Марко Колев соопшти дека во наредните денови ќе започне бетонирање на улицата од чешмата надолу до трансформаторот над објектот „Сокара Папаз“, со дополнителни 5 милиони денари, на барање на жителите.

Градоначалникот Колев и пратеникот Игор Здравковски изминатиот викенд направиле увид во градежните работи.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.