Ресторан „Сангриа“, вчера и денеска, место на детски пред новогодишни прегратки и убави насмевки (видео и фото)
Учениците на ОУРЦ „Маца Овчарова“ вчера а денеска деца од социјално ранливи семејства во Велес и од населените места во општината беа гости на предновогодишни дружења во ресторан „Сангриа“. Меѓу нив имаше и деца без родители. Сите добија покана да дојдат, да уживаат во тоа што тетка Јасмина ќе им подготви, да се дружат со Дедо Мраз и со Спајдермен. И пред заминување дома да добијат подароци.
Предновогодишните средби се убави дружби полни со насмеани и радосни детски лица и затоа ги организираме, рече сопственичката Јасмина Ѓоргиева.
Овој ресторан во Велес од почетокот на постоењето организира вакви детски дружби. „Сангрија“ на нив ги добива највредните подароци. Тоа се новогодишните хартиени честитки кои децата сами ги изработуваат.
Вообичаено на сите има различни детски потписи а на по една секоја година се собираат сите групни. Ресторан „Сангрија“ нив ги чува. Можеби еден ден фотографиите и детските честитки ќе бидат инспирација да се подготви и изложба бидејки се авторски труд на овие најмлади гости.
Кој знае, можеби овој гест на „Сангриа“ и покажаната општествена одговорност ќе поттикне и други фирми во Велес. Тоа би било убаво да се случува затоашто неколку часовното присуство на место на кое си опсипан со внимание и подароци децата го паметат. Тоа може да го потврдат возрасните кога во себе ќе го разбудат детето.
Убавка Јаневска