(Видео) Револт на Наставнички совет на велешка Гимназија од известување на министерот за образование

Претставници на Наставнички совет на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес денеска беа на прием кај Градоначалникот Марко Колев за да го искажат својот револт по добиеното известување од страна на Министерството за образование дека по истечениот трет рок за упис на средношколци во прва година потребно е да ги примат сите кои што годинава конкурирале. Според професорот Марјан Николовски ова била само една од повеќето неправди што на училиштето му се случила во последните години.
Професорката Драгана Тевчева смета дека Министерот за образование со дописот што го доставил до велешката Гимназија испраќа не убава порака до деветоодделенците поточно со било каков постигнат успех во основно образование можат да се запишат во гимназиско образование.
Ваквата одлука на министерот за образование според професорката Анисија Мајнова преставува пример на кршење на законот и на уставот на државата.
По средбата на претставниците на Наставнички совет на „Гимназија Кочо Рацин“ Велес со градоначалникот на општина Велес тие соопштија дека Колев ветил дека ќе се залага за надминување на проблемот иако нема ингеренции.
По добиеното известување од министерот Јетон Шакири во велешкото СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ од септември, годинава, во прва година ќе има пет паралелки со ученици во прва година на македонски наставен јазик и две паралелки на албански наставен јазик. Но, во сите паралелки ќе учат помалку ученици од законскиот минимум.
Убавка Јаневска
