„Сакаме правда – нема правда, нема мир!“ извикуваа група граѓани кои протесираа вчера вечер во Велес (видео)
Објавено: 6 февруари, 2026, во 10:50 часот
Протест на група граѓани од Велес се одржа вчера вечер во центарот на Велес. Демонстрантите се движеле од Градското пазариште до споменикот Коњаник, во центарот на градот. Тие додека пешачеле извикувале „Бараме правда – Нема правда, нема мир!“. Полициски службеници ги следеле демонстрантите.
Причина за протестот на оваа група на велешани било одземањето на возилата кои ги возат без возачи дозволи затоа што од една страна кажуваат дека немаат пари за возачки испит а од друга дека работат со превоз на патници и тоа им била основна егзистенција. Овие граѓани, кои плашат дека во контрола на сообраќајна полиција ќе им бидат одземени автомобилите и бараат од државата субвенции за полагање на возачки испит. Проблем, според нив е и тоа што некои немаат завршено средно образование што е законска обврска за добивање на возачка дозвола.
Досега во Велес нема одземено возило кое што е во нивна сопственост. Од СВР Велес денеска информираа дека протестот не бил најавен и дека полициските служеници случајно ја забележиле и ја придружувале групата граѓани кои демонстрирале.
Убавка Јаневска


