Само еден ковид пациент во велешка болница
Објавено на 12 мај, 2022 во 15:23
По шест дена во коишто останаа празни сите 45 болнички кревети, резервирани за сместување на ковид пациенти, денеска за прв пат е регистриран еден новозаболен. Пациентот е сместен и се лекува на Инфективно одделение во ЈЗУ Општа болница Велес.
Како што информираше портпаролката д-р Елена Левкова Ќулумова тој не е на кислородна поддршка.
Во болницата во изминатите 24 часа нема направени други приеми на сомнителни болни па затоа нема ниту не потврдени пациенти. Тоа значи дека во болницата слободни се 45 болнички кревети.
Стефани Манева