Само уште за четири претстави на годинешниот Фестивал „5РЕ“ има по некоја влезница

Објавено: 25 март, 2026, во 12:21 часот

Велешани, љубители на театарската уметност, во изминатите два дена чекаа во долги редици за да купат влезници за претставите на годинешното, петто, издание на Театарскиот фестивал „5РЕ“. И по цена од 300 денари влезниците се распродаваа за неколку часа. Иако најголем интерес имаше за премиерата на претставата „Тестостерон“ во режија на Синиша Ефтимов со која во петок на 27 март ќе биде отворен годинешниот „5РЕ“ како и за првото репризно прикажување наредниот ден влезници се распродадоа и за претставите на останатите осум фестивалски вечери.

По некоја влезница сеуште може да се купи за преставите „Куршуми на Бродвеј“ во режија на Ненад Витанов на Драмски театар којашто е предвидена за прикажување на 31 март, за „Другата страна“ во режија на Борис Лијешевиќ на Црногорско Народно позориште на 3 април, за „Не се клади на Енглези“ во режија на Богдан Јанковиќ на Театар „Бора Станковиќ“ од Врање на 4 април и за „Сите прекрасни нашта“ во режија на Дејан Пројковски на ОХО продукција со која ќе се затвори годинешниот театарски фестивал на 8 април.

-Потврда дека Велес има театарска публика со изградена традиција да проследи тоа што како продукција се прикажува на сцената на НТ „Јордан Х.К Џинот“ како од матичниот така и од театарите кои се гости. И не само на овој фестивал. Љубителите на овој вид на уметност повторно го докажаа старото правило дека тие се нашата верна публика чии вкусови и високи критериуми сме ги оправдале низ годините,“ рече директорот Жарко Спасовски запрашан дали го изненадија редиците со граѓани кои трет ден чекаат за да си купат билети за претставите на годинешниот театарски Фестивал „5РЕ“.

Убавка Јаневска  

ПРОГРАМА НА ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ “5РЕ“ ЗА 2026 ГОДИНА

27 МАРТ 2026 ГОДИНА

“ТЕСТОСТЕРОН“ (ПРЕМИЕРА)

– ТЕАТАР ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНИВ ЏИНОТ – ВЕЛЕС

РЕЖИЈА: СИНИША ЕВТИМОВ

28 МАРТ 2026 ГОДИНА

“ТЕСТОСТЕРОН“

– ТЕАТАР ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНИВ ЏИНОТ – ВЕЛЕС

РЕЖИЈА: СИНИША ЕВТИМОВ

31 МАРТ 2026 ГОДИНА

”КУРШУМИ НАД БРОДВЕЈ“

– ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ

РЕЖИЈА: НЕНАД ВИТАНОВ

2 АПРИЛ 2026 ГОДИНА

“БОЛВА В УВО“

– ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ

РЕЖИЈА: СИНИША ЕВТИМОВ

3 АПРИЛ 2026 ГОДИНА

“ДРУГАТА СТРАНА“

– ЦНП – ПОДГОРИЦА

РЕЖИЈА: БОРИС ЛИЈЕШЕВИЌ

4 АПРИЛ 2026 ГОДИНА

“НЕ СЕ КЛАДИ НА АНГЛИЧАНИ“

– ТЕАТАР БОРА СТАНКОВИЌ – ВРАЊЕ

РЕЖИЈА: БОГДАН ЈАНКОВИЌ

6 АПРИЛ 2026 ГОДИНА

“НАРОДЕН ПРАТЕНИК“

– МНТ – СКОПЈЕ

РЕЖИЈА: ЕГОН САВИН

7 АПРИЛ 2026 ГОДИНА

“АМАТЕРИ“

– ТЕАТАР КОМЕДИЈА – СКОПЈЕ

РЕЖИЈА: СИНИША ЕВТИМОВ

8 АПРИЛ 2026 ГОДИНА

“СИТЕ ПРЕКРАСНИ НЕШТА”

ОХО ПРОДУКЦИЈА

РЕЖИЈА: ДЕЈАН ПРОЈКОВСКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.