Сара Јовчевска избрана за лидер во Клубот на млади на Црвен крст, Матеја Матева за заменик
Успешно се реализираа изборите во клубот на млади на велешкиот Црвен крст за мандатниот период од 2024 до 2026 година. Членовите на Клубот преку демократско гласање на 15 мај, годинава, ја избраа Сара Јовчевска за лидер додека Матеја Матева за заменик лидер во Клубот. Исто така ги избраа и членовите на координатовното тело за наредните две години.
-Младите волонтери покажаа голема зрелост. На изборниот процес му пристапија многу сериозно и избраа лица кои се докажани волонтери, многу активни на повеќе полиња и лица кои сигурно во наредниот период ќе дадат голем придонес за развој на Клубот на млади и на целата организација воопшто, велат од Црвен крст Велес.
На изборниот состанок присувствуваа волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Велес.
Стефани Манева