Се бара исчезнат велешанец, граѓаните кои ќе го забележат да пријават во полиција
Објавено: 17 јули, 2026, во 14:31 часот
Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес соопшти дека вчера вечер, 6 јули, во 23:15 часот, добил пријава од А.Р.(24) од Велес дека од неговиот дом се оддалечил И.Е.(22) од Велес, кој престојувал во домот на пријавителот околу шест месеци.
-Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, додава полицијата.
Оттаму појаснија дека не можеле да го откријат идентитетот на велешанецот на кој му се губи трагата од вчера вечер, но неговото семејство дозволило објава на фотографија.
Исто така се бара од граѓаните доколку го забележат А.Р да пријават во полициска станица или на телефонскиот број 192.
Дума.мк


