Се исчисти дел од коритото на Отовичка река, Општина Велес најавува продолжување на работите

Објавено: 12 ноември, 2025, во 14:54 часот

Како една од активностите за спас на езерото Младост, деновиве се исчисти дел од коритото на Отовичка река, соопштија денеска од Општина Велес.

Како што објаснуваат од локалната самоуправа во наредниот период ќе продолжи соработката со ЈПВ „Лисиче“ кое стопанисува со акумулацијата и предвидено е механичко отстранување на наслагите и другите органски материи од езерото.

-Истовремено ќе се проектираат и прават бушотини за доток на свежа вода како и изведба на дополнителен сифон за празнење на езерото, додаваат од Општина Велес.

Општина Велес, во соработка со Владата на Република Македонија, најавува дека ќе продолжи да работи на долгорочно и трајно решение за езерото Младост, со довршување на цевководот кој ќе ги поврзе акумулациите Лисиче и Младост.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.