Се осветлува и делот од улицата „Луј Пастер“, во населба „Керамидна“, со улични столбови и лед светилки  

Објавено на 13 февруари, 2025 во 13:51

Добиваат улично осветлување и 150-те метри на улицата „Луј Пастер“ којашто се новоизградени поточно проширени се од страна на општината Велес. Тоа е делот за којшто граѓаните кои живеат во населбата „Керамидна“ подолго време велеа дека е во целосен мрак. Со започнатата промена на уличното осветлување во градот ,овој дел, како и целосно оваа улица, по проширувањето и асфалтирањето, добива нов лик.

Ако таму се поставуваат дополнителен број на столбови и нови лед светилки на преостанатиот дел од улицата  „Луј Пастер“ се сменуваат старите кои зрачеа жолтеникава светлина. За еден до два дена светилките ќе почнат да зрачат светлина. Тоа е особено значајно во вечерните часови поради безбедноста и на возачите и на пешаците.

Улицата има зголемена сообраќајна фрекфенција што беше причина за интензивно барање на изградба на тротоари од страна на граѓаните чии домови се наоѓаат во вој дел на градот. Поточно од поранешната фабрика за тули „Киро Ќучук“ до раскрсницата со „Благој Ѓорев“. За овие барања расправаше и Советот на Општина Велес кога беше соопштено дека на овој потег не можат да се изградат тротоари како поради конфигурација на теренот така и поради железничката пруга Велес – Битола.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.