Се укинува бесплатниот автобуски превоз на релација Велес- езеро Младост – Велес
Објавено на 30 август, 2021 во 13:32
Бесплатниот автобуски превоз којшто секојдневно сообраќаше на релација Велес- езеро Младост –Велес, од денеска, 30 август, повеќе нема да сообраќа. Причината за укинување на бесплатниот автобус е намалениот интерес од страна на граѓаните.
Автобусот започна да сообраќа на 28 јули, годинава, поради големиот интерес на граѓаните да го посетуваат езеро Младост во летниот период. Бесплатниот автобуски превоз беше пуштен откако општината го измери јавното мислење на граѓаните преку анкети на локалните електронски медиуми.
Стефани Манева